Граѓани ни испратија фотографии од состојбата со контејнерите кои се наоѓаат пред Центарот за јавно здравје во Прилеп каде несовесни граѓани расфрлале парчиња од стар мебел околу нив. Вакви слики може да се забележат низ цел Прилеп, контејнерите не се место за фрлање на кабаст отпад, мебел и слични материјали. Тоа може граѓаните да го направат со одлагање на депонијата кај Алинци
или да си повикаат трактор или контејнер од ЈКП Комуналец. Системот кој бараме да се подобри сме ние.

