Денес, во Општина Прилеп остваривме продуктивна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, каде што беше детално презентирана рутата на Коридорот 10Д што ќе поминува околу нашиот град, објави на својата Фејсбук страна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
„На средбата ги разгледавме сите можности и предизвици кои ги носи изградбата на овој стратешки важен коридор за нашиот регион. Проектот ќе овозможи побрзо и посигурно патување, подобро поврзување со другите делови од државата и нови економски можности за граѓаните на Прилеп. Оваа инфраструктурна инвестиција е голем чекор напред за нашиот град и ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на сите жители.
Општина Прилеп е целосно посветена на транспарентна соработка и ќе продолжиме со редовни информации до граѓаните во секоја фаза од проектот и за огромниот потенцијал што Коридорот 10Д го носи за нашиот град и регионот“, напиша Јовчески.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)