ССМ: Двете плати работодавачите треба веднаш да ги исплатат

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Сојузот на синдикати на Македонија ќе ја следи исплатата на финансиската поддршка за плати за февруари и март со цел навремено да се спречи секаков обид за злоупотреба на средствата од страна на работодавачите.

„Ги потсетуваме работодавачите дека средствата треба да легнат на сметките на работниците за двата месеци наеднаш, а срамно ќе биде доколку некој работодавач и покрај сите санкции повторно ги злоупотреби овие наменски средства“, велат од Синдикатот.

Апелираат до работниците, доколку не ги добијат платите за февруари и март, веднаш да се обратат до ССМ за да може навремено да се реагира.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми