ССМ и бизнисот согласни државата да ги субвенционира придонесите ако се зголеми минималната плата

Facebook
Twitter
Email
Print

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и бизнис секторот се согласуваат дека државата треба да ги субвенционира придонесите доколку настане поголемо зголемување на минималната плата од планираните 1.739 денари, но сепак последниот збор за ова прашање го има Владата.

Организацијата на работодавачи предлага ако минималната плата е 24.400 денари, а работодавачот одлучи да исплати 30.000, тогаш за разликата да не се плаќаат придонеси, односно државата да го покрие дополнителниот трошок.

Предлогот од ССМ  пак е минималецот да се качи на 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари, од законскиот износ кој треба да изнесува 24.400 денари, работодавачите да бидат ослободени од повисоки придонеси 12 месеци, но не само за минималната туку и за другите плати.

Сепак, конечната одлука ја има Владата, која засега не се изјаснила дали ќе поддржи субвенционирани придонеси.

Инаку и двете организации посочуваат дека сличен закон за стимулирање на повисоки плати постоел и во минатото и дека би било корисно повторно да се воведе.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи