ССМ: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк

Facebook
Twitter
Email
Print

Сојузот на синдикати на Македонија побара од владата или од Собранието зголемување на минималната плата до 30.000 денари, а разликата во придонесите од покачените 6.000 денари да биде субвенционирана од страна на државата.

„Бараме државата, на непредвидените приходи од придонесите за задолжително социјално осигурување, да се откаже на период од 12 месеци или да субвенционира за работодавачите во приватниот сектор, за да ги зголемат платите за стотина евра. Со тоа што ние ќе добиеме зголемени плати, ние нема да одиме во банка, за да ги штедиме парите кои ќе ги добиеме, туку да ги купиме најосновните прехранбени производи, кои се даночат со 5, 10, 18 проценти. Па така, минимум 15 проценти од овие зголемувања на плати ќе се вратат во буџетот“, рекоа од ССМ.

Трендафилов, алудираше на совеста на пратениците и дека е редно време да бидат на нивото на задачата.

„Пратениците имаат можност да испаднат на нивото на задачата и наместо да земаат по 2.500 евра патни трошоци, да гласаат за платите на работниците и да се зголемат за најмалку стотина евра со ослободување на плаќањето на придонесите. Денеска дојде време да бирате дали сте за или против работниците. Вашето бирање дали сте за или против работниците, значи во кој правец Сојузот  на синдикати на Македонија во понатамошниот период ќе ја креира политиката.“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Во спротивно, ССМ ќе „биде двојно побезобразен од нив“ и ќе ги повика работниците на генерален штрајк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи