На 11.10.2020 во 13.50 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на бензиска пумпа, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од с.Канатларци, прилепско, и мотоцикл „сузуки“, без регистарски ознаки, управуван од Х.Н.(25) од Прилеп.
„По незгодата, Х.Н. е пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, соопштуваат од МВР.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/kreas2020d.gif)