На 07.11.2024 во 07.35 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од В.А.(82) од Прилеп и патничко возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(63) од Прилеп.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.