Трета година по ред денска велигденска литургија под отворено небо на платото пред храмот „Св. Петка“ во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Трета година по ред покрај полноќната во храмот „Св. Петка“ во Прилеп се одржа и денска литургија. Оваа Литургија е поттикната од исклучителната посетеност и силната духовна доживеаност на претходните две Велигденски Литургии. Стотици верници, особено многу деца, учествуваа со верба и љубов, и се причестија со Телото и Крвта Христови, вкусувајќи од вистинската радост на Воскресението. Токму поради таа силна потреба и желба на верниот народ, оваа убава и значајна духовна пракса продолжи оваа година!

Литургијата е наменета за сите верници особено за оние кои поради различни причини не можат да присуствуваат на полноќната пасхална богослужба, како и за најмладите – дечињата.  Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

 

 

 

 

 

 

 

0

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми