Актерката Силвија Стојановска денес е осудена на три и пол години затвор, додека нејзиниот екс сопруг, но тогашен партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор за шверцот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Тие во 2019 година беа уапсени во координирана акција на ДЕА со македонската, шпанската и колумбиската полиција. Беа дел од организирана криминална група, кои од јули до декември 2019 година учествувале во купување, транспорт и продажба на 700 килограми кокаин. Дрогата била складирана во Мадрид додека се барале купувачите.