На 09.01.2025 во 18.50 часот на ул.„Генерал Васко Карангелески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Т. од Прилеп, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.