Учениците од III-3 одделение во ООУ„Блаже Конески “-Прилеп, под менторство на наставничката Весна Арсиќ го одбележаа месецот февруари како “редок” месец со најмалку денови, месец за подигнување на свеста за ретките болести и сите предизвици со кои се соочуваат луѓето засегнати од истите. Време кога сите се обединуваме за да ги засилиме поддршката и промените за лицата со ретки болести, да се подобри квалитетот на животот на лицата заболени со ретки болести.
Учениците се запознаа со ретките болести:
АЛПОРТ СИНДРОМ/ АLPORT SYNDROME
РЕТ СИНДРОМ / RETT SYNDROME
АЛПОРТ СИНДРОМ/ АLPORT SYNDROME

- Алпорт синдром претставува ретко генетско бубрежно заболување, која се карактеризира со зафаќање на бубрезите ,при што полека води до губење на нивната функција,сензоринеурална глувост и понекогаш со очни абнормалности, зачестеност , симтоми,третман.
- РЕТ СИНДРОМ / RETT SYNDROME претставува генетско невролошко нарушување кое влијае на развојот на мозокот и предизвикува прогресивно губење на моторните вештини(одење,трчање,движење,пишување..) и говорот, зачестеност, симптоми, третман.
Во знак на поддршка направивија шарени рачиња, испратија силни, јасни и гласни пораки, прифаќање на лицата со ретки болести, лица кои заслужуваат да бидат запознати , лица кои можат секогаш да направат од нас, подобри ЛУЃЕ!
Ретките се инспирација! Ретките се силни! Ретките се храбри! Вашата реткост Ве прави УНИКАТНИ!