Физичките напади во Прилеп стануваат секојдневие. Постојано сме сведоци на нови пријави, а не ретки се и масовните тепачки. Викендов повторно се случија 2 физички напади.
„На 12.06.2022 во Полициската станица Прилеп, А.М.(19) од Прилеп пријавил дека во центарот на Прилеп бил физички нападнат од И.М. и М.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 13.06.2022 во Полициската станица Прилеп, А.О.(40) од Прилеп пријавил дека во Прилеп неговиот малолетен внук бил физички нападнат од Д.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Битола.
Овие немили настани само дополнително ја влошуваат и така не многу добрата слика за Прилеп во моментот.