На 26.01.2025 во 05.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.В.(47) од Прилеп затоа што во семејниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 40 годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него следува соодветен поднесок.
Истиот ден, во 06.30 часот во ОВР Прилеп, Ф.Р.(47) од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од У.В., кој му упатил и закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.