Фон дер Лајен: 119 илјади дози вакцини за Македонија од ЕУ

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ за Македонија ќе бидат доставени 119 илјади дози вакцини.

Австрија објави дека до август ќе им испорача 651.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ на шесте земји од Западен Балкан, како дел од шемата на Европската Унија да им се помогне на соседните држави и Африка. БиХ ќе добие најголем дел – 214.000 дози, додека на Македонија ќе ѝ припаднат 119.000.

„Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно“, наведе Фон дер Лејен во објавата на Твитер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми