Цените на горивата остануваат исти

Facebook
Twitter
Email
Print


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за цената на горивата.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и од ноќеска на полноќ остануваат исти, а на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денари за килограм.

Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 и натаму останува 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5, Еуродизел (Д-Е V) за 68,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 68 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,633 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,377 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи