Благодарение на досегашните локални политики на двете власти, Прилеп остана без локална телевизија. Морајќи да преживеат новинарите отпочнаа со работа на свои медиуми (пишани и електронски) и сакале или не новинарите ги поделија на „Ваши“ и „Наши“ а ние сеуште живееме во медиумскиот мрак од дезинформации и лаги – истакнуваат од граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ.
„Локалната власт има должност по Законот за локална самоуправа навремето и точно да ја информира јавноста за сите нејзини активности и одлуки од интерес на граѓаните а единствениот начин за тоа да го стори е преку новинарите и медиумите на локално ниво од било кој вид, кои и стојат на располагање на општината.
За таа цел, граѓанската иницијатива “ЧЕ ВРЕДИ”, ќе има без исклучок целосно еднаков третман и поддршка за сите новинари на начин што во локалната самоуправа ќе се обезбеди просторија за работа на новинарите со основната техничка поддршка за навремено известување на јавноста и непречен проток на информации.
Локалните медиуми (пишани и електронски) ќе бидат стимулирани за својата работа како и секаде во современите демократии.
– за да има кој да ни дише во врат;
– за да нема дезинформации и лаги;
– за достоинство во вршење на новинарската професија;
– затоа да немаме што да сокриваме.
За да се слушне вистината“, велат од ЧЕ ВРЕДИ.