Ветувањата за реализација на проектот „Паркови за миленици“ се невозможни да се остварат додека претходно не се реши прашањето со кучињата скитници“, велат во денешното соопштение од граѓанската иницијатива „Че вреди“.
„Граѓанската иницијатива „ЧЕ ВРЕДИ“, пред да го реализира проектот „Паркови за миленици“ ќе го реши претходното прашање со кучињата скитници, преку екипирање и акционен план на шинтерската служба. Акционен план кој вклучува заловување, чипирање, кастрација и стерилизација на кучињата од руралните средини кон градот. Преку таа активност ќе се изгради статистика за бројот на кучињата скитници и нивниот статус и ќе може да се следи трендот на нивното размножување и движење.
Преку изградба на современ стационар за заловување, чување и осовременување на трендот за посвојување на домашни миленици ќе можеме да ги раздвоиме кучињата скитници од домашните миленичиња и на таков начин граѓаните ќе имаат можност непречено да ги користат парковските површини наменети за домашни миленици и лична релаксација.
Од трошењата кои Општина Прилеп ги има кон жителите на Прилеп само по основ на надомест на нематеријална штета за напад и каснување од куче скитник и судските трошоци по тој основ, сите досегашни локални власти имале можност да изградат катчиња за домашни миленици на секоја зелена површина во градот и одамна да го решат прашањето со кучињата скитници.
За реално остварливо а не паушално ветување“, велат од ЧЕ ВРЕДИ.