В черврток на 13 ноември, од 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-рецитаторскиот перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска.
Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го претставуваат нивното творештво, но и нивни омилени песни од домашни и странски автори. Овојпат покрај на македонски, ќе бидат интерпретирани и на српски, хрватски и руски јазик, а ќе бидат рецитирани и препеви на Димкоски од руски и од српски на македонски јазик.
Проткаена со музичка придружба, на оваа поетска вечер ќе прозвучат стиховите на Блаже Конески. Гане Тодоровски, Анте Поповски, Светлана Христова Јоциќ, Оливера Андоноска, Далибор Ивановиќ, Март Јовановски, Билјана Велковска но и Мика Антиќ, Алексеј Решетов и Никола Раусављевиќ…
Специјални гости ќе бидат Милан Секулоски и Методија Костоски.
Настанот е во органзиација на Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, а поддржан од Општина Прилеп и НУЦК „Марко Цепенков“. Се работи за настан од отворен тип,а влезот е бесплатен.
„Според Емерсон, сите луѓе се поети во срцето. А ние ќе се потрудиме во сечие срце да ја разбудиме поезијата“, велат организаторите