Јавниот повик за субвенционирање на инвертери од Општина Прилеп се прекинува поради исполнување на предвидените барања

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека  ЈАВНИОТ ПОВИК за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за набавка на грејни тела со инвертер за 2025 година, објавен на 17.02.2025 година, се прекинува заклучно со 26.02.2025 година поради исполнување на предвидениот број на барања и реализација на планираните финансиски средства.

Комисијата ќе ги разгледа  барањата доставени до 15:30 часот заклучно со ден 26.02.2025 година.

По завршувањето на постапката, Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање ќе изготви финална листа на граѓани кои го остваруваат правото на субвенционирање/надоместување на дел од трошоците. Листата ќе биде објавена на Веб-страницата на Општина Прилеп (www.prilep.gov.mk) и на огласната табла во Општина Прилеп.

Општина Прилеп им се заблагодарува на сите граѓани за искажаната заинтересираност и учество во јавниот повик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи