Јовчески: Започнува нова развојна фаза на Прилеп – 11 милиони евра за капитални проекти!

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Со особено задоволство сакам да информирам дека Општина Прилеп во следниот период започнува една нова значајна развојна фаза. Во Владата на РМ минатата недела официјално ги потпишавме договорите на сите оние проекти со кои аплициравме на јавниот повик од Министерството за локална самоуправа за 2025 година, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

„Со ова Прилеп обезбедува нови дополнителни средства, приближно 8 милиони евра насочени кон капитални проекти кои директно се за корист на нашите граѓани. Во наредниот период следуваат:

  • Реконструкција на дела од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“
  • Изградба на мост на улица „Победа“
  • Реконструкција на влезот од страна на Македонски Брод, улицата „Орде Чопела“
  • Целосна реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, со нова електроинсталација
  • Нови детски игралишта во централното градско подрачје, зад „Участакот“ и во населбата „Типски“
  • Имаме изградба на водоснабдителен систем за село Лениште
  • Реконструкција на цевковод во индустриската зона и манастирот кај село Селце
  • Поставување на фотонапонска централа на прочистителната станица
  • Интеграција на СКАДА системот со ГИС платформа
  • Замена на дотраената водоводна мрежа во центарот на градот, конкретно на булеварот „Гоце Делчев“, улицата „Кузман Јосифоски“ и улицата „Ленин“
  • Поставување на полуподземни контењери, вкупно 21 на разни локации во градот
  • Реконструкција на фасафата на ООУ „Рампо Левката“

Сите овие проекти се од витално значење за нашата општина и претставуваат директен одговор на реалните потреби кои ги имаат нашите граѓани. Ова е доказ дека кога работиме рационално, одговорно, посветено, резултатите се неминовни“, рече Јовчески.

Во 2024 година на јавниот повик на Министерството за локална самоуправа Општина Прилеп аплицираше со 3 големи капитални проекти и тоа:

  • Кружниот тек кај мостот „Табана“
  • Изградба на улица „Победа“
  • Реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје, конкретно населба „Карабдалица“

„Водоводната мрежа е целосно завршена и ставена во функција, со поставени нови приклучоци, хидранти и се она што го заслужува еден модерен град. Другите 2 проекти имаме вовед во работа на изведувачите, улица „Победа“ се работа, а оваа недела го очекуваме почетокот на изведувањето на кружниот тек на мостот „Табана“, со проширување на сообраќајницата“, рече Јовчески.

Вкупната вредност на проектите кои Општина Прилеп ги доби од страна на Министерството за локална самоуправа изнесува 11 милиони за двете години, 2024 и 2025.

Општина Прилеп обезбеди средства за реализација и на уште 2 нови проекти, кои ги аплицираше за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура преку Бирото за регионален развој.

„Тие проекти се поддржани со вкупно 4.5 милиони денари, „За подобрување и одржување на зелените површини“ – проект кој е со финансиска поддршка од 2.5 милиони денари за набавка на мини багер за поефикасно работење и одржување на зеленилото низ градот. Вториот проект е пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, каде имаме набавка на трактор, приколица и приклучна механизација со опрема за пошумување, со цел да ги надокнадиме изгубените зелени површини.

Договорите се потпишани и кога ќе ја добиеме опремата ќе ја предадеме на ЈКП „Комуналец“ Прилеп, кои ќе продолжат со реализација на годишната програма, а ефективноста ќе ја проследиме заедно со локалната самоуправа.“, додаде Јовчески.

Градоначалникот на општина Прилеп истакна дека во фаза на завршување се уште многу други проекти, за кои што ќе чекаат повик на кој што може да се аплицира за средства за нивна реализација.

„Ова не се само бројки, ова е реализација на дело. Со овие конкретни изведувања на мостови, сообраќајници, подземна инфраструктура, водоводи, игралишта, со тоа значително го подобруваме квалитетот на животот во општина Прилеп.

Кога дојдовме во 2021 година со новата локална самоуправа не наследивме ниту еден готов проект. Наследивме заостанат долг од 5 милиони евра, наследивме целосна исплата на детската градинка и уште многу заостанати неисплатени работи, но успеавме тоа да го санираме, а ќе оставиме уште толку готови проекти колку што имавме побарано во 2025. Јас ќе се обидам во овие 2-3 месеци до истекот на овој мандат да ги презентирам пред јавноста и пред нашите сограѓани кои готови проекти ги имаме во најава за да ги аплицираме во било кој облик, дали преку повик на Министерството за локална самоуправа, дали во годишна програма на нашата Општина, или било каде на друго место каде можеме да аплицираме“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми