Нов урбан потег на градската река – се гради кејски ѕид

На барање на жителите од населбата „Аличаир“,кои живеат на ул. Кеј 1-ви Мај, покрај речното корито, започна  уредување  на градската река од пешачкото мовче до градскиот базен. Најпрвин, на овој простор се уреди речното корито, со средства од буџетото на Општина Прилеп, а деновиве започна градењето и на кејскиот ѕид, кој ќе придонесе за поурабн изглед на овој дел од градот, кој за прв пат се уредува. На увид на градежните активности беше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

„Моментно, се изведуваат градежните зафати кои никогаш и не биле предвидени на речното корито. Станува збор за проект,предвиден во комуналната програма на Локалната самоуправа, во должина од 700м, финасиран од буџетот на Општина Прилеп. Вкупната вредност на проектот изнесува шест милиони денари или околу 100 илјади евра. Предходно во рамките на проектот за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во Прилеп, на ул „Кеј 1-ви Мај “ се постави нова водоводна и канализациона мрежа , а се изградија и колектори. Сега, со изградбата на кејскиот ѕид, реката ќе добие еден нов урбан потег, а  со неговото завршување ќе се овозможи и комплетното асфалтирање на улицата, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Изградба на кејски ѕид, во рамките на својата комунална програма Локалната самопурава има предвидено и во долниот тек на градската река, од мостот кај нас.„Димо Наредникот“ до нас. „Жабино Мало“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи