Летниот распуст редовно се користи за подобрување на условите за наставата и за подновување, па така ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп диби нови ходници и нови врати на училниците.
„Во изминатиот период се изврши обложување на ѕидовите од ходниците на првиот кат во училиштето со кнауф, со што значително се подобрија здравствените, хигиенските и техничките услови, како и самиот естетски изглед на училиштето, а сите училници кои се наоѓаат на приземје и на првиот кат добија нови врати. Средстватаза оваа набавка се издвоени од сопствениот буџет на училиштето и од ЕЛС Прилеп, а се во висина од 200.000 денари“, посочи директорката Марја Дулеска.
Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети учелиштето и колективот и посочи дека и во летниот период општина Прилеп инвестираше во образновните институции, а се надева дека до почетокот на учебната година ќе биде готово и игралиштето во ОУ во Варош.
Минатата година истата постапка беше спроведена на ѕидовите во приземјето, а на ред е термo фасада на ООУ „Блаже Конески“.