Очигледно дека СДС и на овие избори ќе се занимава со манипулации и политички хајки. Наместо работа, проекти и решавање на проблеми, главниот фокус ќе им бидат монтирани случаи и политичко деградирање. Тоа е нивниот избор, мојот избор се граѓаните и нивните интереси. Ова беше одговорот на градоначалниикот на Прилеп, Марјан Ристески, по поднесувањето на кривичната пријава против него од страна на СДСМ.
Ристески нагласи дека судот на граѓаните ќе биде главната порака која ќе биде најдобар демант за сите лаги и манипулации кои ги пласира СДС.