ВИДЕО – Груевски: Во Прилеп се отворени 10.000 нови работни места, a Владата странските инвеститори ги гледа како натрапници

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Во Прилеп се отворени над 10.000 нови работни места. Отворањето пак на индустриската зона Прилеп 1 ќе овозможи вкупно 1.500 работни места откако целата ќе биде изградена. Сега во моментов тука се отворении околу 400 нови работни места. Ова денеска во Прилеп го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Груевски ја посети индустриската зона Прилеп 1, а изврши увид и во градежните активности за изградба на новите конаци на манастирот Трескавец.

 

„Паралелно во Прилеп функционира и се гради и Технолошко-индустриската развојна зона во која инвестираше претходната Влада, во која веќе постојат две фабрики, „Гентерм“ и „Агропласт“, а во градба е и фабриката „Вик“ за која голема заслуга имаше Бил Павлески. Овие фабрики ќе вработат околу 3250 луѓе. Без нивните планирани проширувања кои се за во иднина. Очигледно е дека градоначалникот и Општината имаат многу вложено во отворање на нови работни места. Во овие зони вложено е во изградба на улици, канализациони мрежи, водоводни мрежи и сето она што е потребно за нормално да функционира таа зона и мене ми беше задоволство да присуствувам во една таква зона.  Прилеп може да се пофали дека е еден од најнапредните во изградбата на сопствени, локални индустриски зони со кои се отвораат нови работни места“, рече Груевски.

Груевски рече дека прилепчани требало да знаат, дека нови работни места ќе се отворале и во иднина.

 

„Единствено што тука загрижува и е ризик е новата политика на Владата која на странските инвеститори гледа како натрапници, гледа како на некои кои многу земале или сакаат да бидат нееднакви во однос на домашните. Домашните се многу важни, ние секогаш сме ги поддржувале, но мора да се привлекуваат и странски. Затоа што странските не само што отвораат нови работни места туку им помагаат и им даваат работа на домашните. Сегашниот однос на Владата е голем ризик во однос на доаѓање на идни инвестиции. Но, со ова што е досега изградено и во локалните индустриски зони од страна на градоначалникот и општината и од страна на Владата, создаден е предуслов за да доаѓаат нови компании и домашни и странски и да се отвораат нови работни места“ истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Груевски го посети манастирот и манастирот Трескавец каде во тек е изградба на нови конаци и реконструкција на оштетениот опожарен дел.

„Го посетив манастирот Трескавец каде во тек се градежните работи за изградба на нови конаци, како и реконструкција на оштетениот опожарен дел. За сето ова беа обезбедени и се инвестираат 1.8 милиони евра. Претходно беше изграден и патот кон Трескавец за што беа вложени над 1.4 милиони евра. Трескавец останува културното и духовното богатство на Република Македонија“, истакна Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи