ВИДЕО : Градоначалникот на Прилеп во посета на пензионерските клубови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, посети неколку пензионерски клубови во градот и оствари средба со пензионерските здруженија. Ристески прво го посети централниот пензионерски клуб во Прилеп, на која средба беше потенцирана одличната соработка која веќе 12 години постои помеѓу локалната самоуправа и Здружението на пензионери од Прилеп.

 

Беше истакнато и тоа дека од таа соработка за 12 години Општина Прилеп и Здружението на пензионери од овој град реализирале повеќе заеднички проекти, кои биле пред се желба и барање на постарите лица, како што се : воведување за прв пат во историјата на Прилеп јавен градски превоз, отворање на голем број пензионерски клубови во повеќе населби, изградба на голем број паркови кои служат како одморалишта за пензионерите, изградба на капели, реализирани биле и голем број патувања, екскурзии, како и изградба на повеќе цркви.

 

 

„Денес остваривме една од редовните средби со Здружението на пензионери на Прилеп. Разговаравме за повеќе проекти, дел кои се реализирани, дел кои се во тек на реализација и што е она што во иднина би можела локалната самоуправа да помогне околу квалитетот на животот на нашите пензионери. Досега со Здружението на пензионери имаме одлична соработка, резултат на тоа е отворањето на повеќе вакви пензионерски клубови во градот, во населбите Рид, Тризла, во УЗ Гоце Делчев, домот Спиро Забрзачаец, а моментално при крај е изградбата на пензионерскиот клуб во најстарата населба Варош. Наредно вакви клубови ќе се отворат во УЗ Корзо како и во УЗ Сточен пазар и Жабино маало. Исто така сакам да напоменам  дека како идеја на пензионерите произлезе еден од најубавите и најкапитални проекти на оваа локална самоуправа, а тоа е воведувањето на јавниот градски превоз. Голем бенефит од него имаат не само пензионерите, туку и сите останати граѓани на Прилеп. Ние и понатаму ќе го усовршуваме јавниот градски превоз, така што во иднина пензионерите треба да очекуваат и други бенефити околу овој превоз. Јавниот градски превоз ќе биде наскоро проширен и кон населените места со набавување на нови автобуси“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

 

 

Здружението на пензионери од Прилеп е едно од најиницијативните и најактивните пензионерски здруженија во нашата држава. И тие се презадоволни од активната соработка која веќе 12 години ја имаат со Општина Прилеп.

 

„Можам слободно да кажам дека за сите овие години имаме одлична соработка со градоначалникот во сите области, спорт, култура и другите општествени сфери, но исто така важно е да се каже и потенцира тоа дека кога и да е повикан од наша страна за било која пригода тој е присутен помеѓу нас. Ретко кои други градоначалници од другите Општини го прават ова. Исто така сакам да кажам дека секогаш кога ни доаѓаат на гости пензионери од другите градови се восхитени од убавината на нашиот град и како тој се развива се повеќе од година во година. Му посакувам на градоначалникот добра работа и понатаму вака да продолжи“, изјави Кирил Ѓорѓиоски, претседател на здружението на пензионери на Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

 

За овие 12 години Здружението на пензионери освен со локалната самоуправа имаше одлична соработка и со Владата. Плодови на таа соработка пред се се  покачувањето на пензиите, бесплатното бањско лекување, намалувањето на цените на лековите, подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги со инвестициите во сите здравствени институции во Прилеп и уште многу други проекти.

 

Освен пензионерскиот клуб во центарот на градот Ристески ги посети пензионерските клубови и во УЗ Гоце Делчец и пензионерскиот дом Спиро Забрчанец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи