ВИДЕО : Учебната година започна со низа настани и активности во основните училишта

Градоначалникот  Марјан Ристески денеска ги посети сите основни училишта во градот каде оствари средба со првачињата и нивните родители, по повод почетокот на новата учебна година. Градоначалникот Марјан Ристески им го честита почетокот на новата учебна година на првачињата и на сите ученици посакувајќи им најубави желби:

 

Нека е честит почетокот на новата учебна година  и  денот  кој особено ќе го паметите Вие, првачињата кои денеска ќе седнете во училишните клупи. Со овој чин, ние ја искажуваме својата гордост и гордоста на Вашите родители, бидејќи созреавте  за да можете да се соочите со најголемиот предизвик пред Вас, да учите, да се образувате и да станете еден ден генерација на нови градители на развојот на општеството, посочи градоначалникот Ристески во неговата изјава.

 

 

Според Советникот за образование Марјан Матракоски радува податокот што и оваа година ќе бидат запишани околу 800 првачиња во основните училишта.

Градоначалникот и Советникот за образование денеска присуствуваа на отварањето на два капитални проекти во ОУ „Добре Јованоски“ и во подрачното ОУ „Блаже Конески“ во населба Варош.

 

„Денеска присуствуваме на пуштање во употреба на новата котлара во ОУ „Добре Јованоски“, преку која треба да се затоплува спортската сала. Локалната самоуправа за оваа сала инвестираше средства како и за набавување на спортски семафор, кој е безжичен и е прв од ваков тип во Македонија. Со новиот систем за затоплување на салата како и со семафорот овој спортски објект ги добива сите потребни атрубути за одвивање на било каков спортски натпревар. Инвестицијата изнесува 1,2 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа“, истакна Панде Николоска, в.д. директор во ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп.

 

Со нов капитален проект за старт на новата учебна година доби и подрачното ОУ „Блаже Конески“ во населбата Варош.

 

„Огромна благодарност до Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески. Со почетокот на новата учебна година денеска го отвараме новото игралиште. Проектот опфаќа комплетно уредување на дворното место, оградата и кош за изведување на спортската настава и рекреативно дружење на сите жители во населбата Варош“, посочи Марија Дулеска директорка на ОУ „Блаже Конески“.

 

 

Жителите од најстарата населба Варош со задоволство раскажуваа за новите проекти, велат дека со години небило ништо инвестирано во ова подрачно училиште.

 

 

„Благодарение на градоначалникот Марјан Ристески и на локалната самоуправа денеска нашите деца имаат се, дојде училиштето многу средено и внатре и надвор“, кажаа жителите од Варош.

 

Општина Прилеп на сите првачиња им подари распоред за часови со порака за Најубави желби во Новата учебна година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи