Со низа спортски настани кои се оддржаа денеска во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп започна неделата на спортот. Со овој настан беа означени и новите проекти кои се изградија во ова основно училиште, а станува збор за новото игралиште и новата балон сала.
„Денеска ги комплетираме во целост сите спортски објекти во нашето училиште, стартувајќи од новата балон сала, новото повеќенаменско училиште за мал фудбал, кошарка, ракомет, тениското игралиште и како училиште сме преблагодарни на поддршката која ја имаме од локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески“, посочи Трајче Караилоски директор на ОУ „Гоце Делчев“.
„Денеска е радосен ден на сите ученици, родители и на целиот колектив во ОУ „Гоце Делчев“ како и на сите спортски ентузијасти. Локалната самоуправа ги почести со едно мултинаменско училиште, балон сала, тениско игралиште и затворена спортска сала, со што ова училиште доби комплетен спортски комплекс за сите ученици и граѓани кои гравитираат во овој дел од градот“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески го најавија и следниот капитален проект, а тоа е доуредување на другата страна од училиштето во еден преубав парк.
Неделата на спортот во градот ќе продолжи и во други основни училишта.