ВИДЕО : Реновиран детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп

Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп комплетно се реновираше детскиот оддел кој сега прерасна во едно современо катче каде децата освен што ќе можат да земаат книги, тие со оваа најнова инвестиција ќе можат во овој оддел да поминат и подолго време, да читаат, да се забавуваат и да се дружат помеѓу себе. На денешната презентација на одделот присуствуваа голем број ученици, како и најмалите деца од предшколска возраст кои приредија и свечена програма. Инвестицијата изнесува над 300.000 денари.

 

 

„Чувствувам големо задоволство што во очи на големиот национален празник „8-ми септември“ го отвораме реновираниот детски оддел во градската библиотека „Борка Талески“. Тоа е еден современ и модерен простор каде што децата покрај тоа што ќе земаат и враќаат книги, тие ќе можат да се задржат и подолго време. Одделот е поделен во два дела, едниот за помали деца од предшколска возраст и друг дел за поголеми деца. Тука тие ќе може да читаат книги, да пишуваат домашна, да се дружат помеѓу себе и да се забавуваат. Оваа инвестиција е помогната од локалната самоуправа и таа изнесува околу 300.000 денари. Со ова се заокружува реновирањето на градската библиотека, претходно беа реновирани сите други оддели, големата читална и интернет клубот. Со овие инвестиции библиотеката се претвора во една модерна културна установа која ќе може да дава услуги од повеќе области“, вели Петар Петрески, директор на Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.

 

Инаку во изминатиов период градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп прерасна во вистинска ризница на нашето книжевно богатсво и современ мултимедијален центар по европски терк.

 

 

„Овој проект е реализиран со средства на локалната самоуправа и е вреден 300.000 денари. Со ова градската библиотека добива уште подобри услови за сите читатели од сите возрасти. Досега многу инвестиравме во  библиотеката со што таа прерасна во една од најубавите на ниво на Македонија“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

 

Во перидот од 2005 до 2017 година во библиотеката се реализираа голем број на проекти, вредни над 13 милиони денари, кои комплетно го променија ликот на оваа установа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи