ВИДЕО : „Никна“ ново детско игралиште и маалски парк во Прилеп

Населбата „Кузман“ лоцирана над ООУ „Гоце Делчев“ доби нова парковска површина, збогатена со урбано детско игралиште. Маалскиот парк е со површина од 950 м2, од кои има 400 м2 тревната површина, а останатиот дел е бекатон патеки и урбана опрема, клупи и опрема за детското игралиште.

 

 

„Уште кога кога го правевме овој парк, како локална самоуправа со помош на ЈКП „Комуналец“, овдека постојано имаше многу деца кои играа наоколу. Неговата посетеност денес, говори дека сме направиле вистински погодок, градејќи го ова детско игралиште и овој убав парк во населбата „Кузман“, кои, како идеја, се иницирани од жителите на УЗ. Детското игралиште и паркот ќе го користат и најмладите, но и возрасните и се надевам дека сите заедно ќе го чуваат, бидејќи сите паркови кои ги градиме во градот и населените места, се изградени со пари од граѓаните, кои се слеваат во буџетото на Општина Прилеп. Сите оние кои вандалистички се однесуваа кон изградените проекти на локалната самоуправа, всушност вандалистички се однесуваа кон парите на граѓаните на Прилеп“, посочи градоначалникот, Марјан Ристески при посетата на маалскиот парк во населбата “Кузман“.

 

„Ова беше еден запуштен простор и драго ми е што го урбанизиравме заедно со локалната самоуправа и што го направивме да претставува убава парковска површина, повеќе наменска, и за прошетка и одмор на возрасните, и за игра за најмладите“, рече Рубин Абрашоски од ЈКП „Комуналец“.

 

Новото детско игралиште и маалскиот парк во населбата „Кузман“ е инвестиции на локалната самоуправа во вредност од 500 илјади денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи