Изјавата ја пренесуваме во целост.
„На сите граѓани на Р. Македонија им го честитаме 8-ми Септември – Денот на независноста. Ова е денот кога се остварил вековниот стремеж на Македонецот, вековната борба слобода и независност.
Ова е денот кога македонскиот народ храбро и одлучно гласаше за суверена ии независна Македонија. Во изминатите години како држава имавме доста успеси но и падови. За жал и денеска сме исправени пред тешки предизвици, предизвици за да ја бранииме нашата татковина Р. Македонија.
На некого му пречи просперитетот на државата но овој ден се надевам дека ќе ни даде сила сите сплотени и единствени да продолжиме кон градење на државата ии зачувување на сето она што е изградено. Зачувување на темелите на македонската државност“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.