Општина Прилеп денеска беше посетена од голем број на граѓани кои остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески. Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните и по нивно барање денеска Општина Прилеп ја посетија пензионерскиве здруженија, дограмаџиите, голем број на граѓани кои се имаа пријавено на приемното одделение.
„Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот Марјан Ристески за несебичната поддршка која ја дава во изминативе 7/8 години на нас дограмаџииве, посочи Зоран Јованоски.
Градоначалникот Ристески ги поздрави присутните гости истакнувајќи ја одличната соработка со дограмаџииве и посочи дека наскоро градот Прилеп ќе добие нов парк за домашни миленичиња изработен токму од нив.
Пензионериве кои беа во голем број исто така му се заблагодарија на градоначалникот Ристески и на локалната самоуправа за несебичната поддршка во изминативе години.
„Ние пензионерите сакаме да му се заблагодариме на градоначалникот Ристески и на локалната самоуправа за несебичната поддршка во изминативе години. Денеска сме тука да се пофалиме со освоеното прво место на регионалниот спортски натпревар кој се оддржа во Кочани, а ние се натпреварувавме во 11 десциплини“, посочи Кирил Ѓорѓиоски претседател на пензионери.
Денеска градоначалникот Ристески оствари средба и со првачињата од социјално ранливите категории, на кои им подари училишен прибор и ранчиња.
„Секоја година обезбедуваме ранчиња и училишен прибор за децата од социјално ранливите категории. Општина Прилеп секогаш дава голема поддршка на социјално ранливите категории. Помага во организација на сите хуманитарни акции и настани и важи за една од најхуманите општини“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.