Општина Прилеп најостро ги осудува вандалските чинови со кои се уништува општествениот имот

Локалната самоуправа на Општина Прилеп најостро ги осудува вандалските чинови со кои деновиве се уништува општествениот имот, кој им припаѓа на сите граѓани на Прилеп. Истакнаа од Општина Прилеп, по повод последните вандалски уништувања на неколку јавни објекти.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Пред неколку денови комплетно беше уништен новоизградениот парк во населбата „Рид“, кој претставуваше вистинско катче за игра и релаксација на сите генерации. Исто така веќе 3 дена со ред повеќемина млади луѓе ја уништуваат и ја издишуваат балон салата во ООУ „Гоце Делчев“.

 

Општина Прилеп ги повикува надлежните органи навремено да реагираат на ваквите појави кои се се почести во последно време и апелираме да се откријат сторителите на ваквите вандалски дејствија, бидејќи овие проекти се на сите граѓани на град Прилеп.

 

Овде се поставува прашањето , со уништувањето на вакви проекти кои се од интерес и истовремено проекти од сите граѓани кој и зошто го први ова?

 

Жално е ако мотивите за ваквиот вандализам се политички, бидејќи со ваквите постапки не се прави штета на градоначалникот Марјан Ристески, се прави штета за граѓаните и Прилеп“, велат од Општина Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи