ВИДЕО – Заев : Перспективите ни се на дланка, од нас зависи

Facebook
Twitter
Email
Print

Сите држави, пријатели на Република Македонија, сакат да ја видат земјава просперитетна. Отворени се вратите за соработка со светот. Останува да ги спроведеме реформите од Планот 3-6-9. Перспективите ни се на дланка, од нас зависи, рече денеска премиерот Зоран Заев, информирајќи за престојот и активностите на владината делегација на 72. Генерално собрание на ОН во Њујорк. Ова на прес конференција го изјави премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев.

 

На прес-конференцијата во Владата на која присуствуваше и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, Заев нагласи дека Македонија има подадена рака да продолжи по патот на прогресот.

 

Премиерот информира дека во Њујорк остварил преку 30 средби со светски лидери, високи претставници на меѓународни организации, бизнисмени и претставници на македонската дијаспора.

 

Токму дијаспората, напомена Заев, е подготвена директно да се вклучи, и материјално и со човечки ресурси, за што поголем и побрз развој на земјата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи