Србов: Скандалозна е одлуката да се стопираат референдумите за доселувањето на мигранти

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата предводена од СДС во континуитет го крши Уставот на Р. Македонија! Скандалозна и незаконска е одлуката на Државниот инспекторат за локална самоуправа, донесена под диктат на Заев и владата, да ги запре решенијата на општините со кои е одлучено да се организираат референдуми за доселувањето на мигранти. Ова го исткна на денешната пресконференција Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Според член 2 од Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта, освен што ја остваруваат преку демократски избрани претставници, ја остваруваат и директно преку референдум, граѓанска иницијатива и други облици на непосредно изјаснување. Согласно член 5 од Законот за локална самоуправа, правото на локална самоуправа граѓаните го остваруваат непосредно преку референдум и граѓанска иницијатива. Според член 54 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Уставот, Европската повелба, како и Законот за локална самоуправа ниту го ограничува, ниту го забранува правото на референдумско изјаснување на граѓаните за прашања што имаат изразено локално значење, и за прашања со силно изразен јавен интерес на граѓаните“, истакнува Србов.

 

Србов нагласува дека со оглед на она што го предвидува Уставот и донесената одлука од Државниот инспекторат тие сметале дека надлежните во Државниот инспекторат не ја познавале својата надлежност и материјата на која се работи, ниту надлежноста на Уставниот суд на Република Македонија.

 

„Владата на СДС ја повикуваме својата неукост да ја поткрепи читајќи го Деловникот на Уставниот суд каде пишува дека единствен орган во Република Македонија кој има право да одлучува за незаконитоста на пропис и друг општ акт во време на нивното важење е Уставниот суд, и ниту еден друг орган, па оттаму ниту Државниот инспекторат. За законитоста за одредени прашања единствено одлучува Уставниот суд на Република Македонија и оттука инспекторатот за локална самоуправа нема право да ги запре решенијата на општините или да ја преиспитува нивната законитост. Сомневањата на Инспекторатот се дека општините го прекршиле член 20 од Законот за локална самоуправа кога донеле решенија за организирање на локалните референдуми. Токму членот20 и членот 21од Законот за локална самоуправа го дава правото на општините да организираат референдуми. Во него стои дека општините, во рамките на законот,во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт“, додава Србов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи