Ставридис: Македонија ќе биде наредната НАТО членка

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија ќе биде наредната членка на НАТО, истакна поранешниот командант на Алијансата Џејмс Ставридис. Тој нагласи дека ова ќе биде голем чекор кон обединување и зајакнување на Балканот.

 

„Се надевам дека Грција ќе може да ги реши спорот со името со Македонија, што ќе ги отвори вратите на Македонија да стане дел од НАТО и мислам дека Македонија ќе се приклучи на Алијансата“, изјави Ставридис за Гласот на Америка

 

И американскиот потпретседател Мајк Пенс, во име на претседателот Доналд Трамп, во телефонскиот разговот што го имаше со премиерот Зоран Заев на почетокот од септември оваа година, ја потврди поддршката за Евро-Атланските инспирации на Македонија.

 

Пенс рече дека САД ги поддржуваат Евро-Атланските инспирации на Македонија и го охрабри Зоран Заев да продолжи со реформите што ќе го забрзаат патот на Македонија во тој правец, објави Белата куќа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи