ВИДЕО : Кинезите направиле погон кој може да ги однесе луѓето на Марс за само 10 недели?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Кинески научници тврдат дека успеале да создадат прототип на мотор кој нема потреба од гориво. Станува збор за концепт мотор со име Ем Погон, кој е спротивен на познатите закони на физиката, но ако тоа е вистина, оваа направа може да ги однесе луѓето на Марс за само десет недели.

 

Во видеото се тврди дека кинеските научници успешно развиле ЕмПогон, и дека наскоро ќе го испратат во вселената, иако не се наведуваат никакви технички спецификации за уредот.

 

ЕмПогон е мотор на кој не му е потребно гориво. Наместо тоа, користи микробранови кои ги собира од сончева енергија, кои се судираат во посебен контејнер.

 

Без гориво кое ќе се исфрла наназад додека се движи напред, ЕмПогон го поништи третиот Њутнов закон, кој вели дека за секоја акција мора да постои еднаква и спротивна реакција.

 

Дали сето ова е вистина или само желба и идеја на кинеските научници ќе покаже времето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи