Емиратите градат град што ќе симулира живот на Марс

Обединетите Арапски Емирати обелоденија дека имаат за цел во наредните 100 години да ја изградат првата населба на Марс каде што ќе може да живеат луѓе. Всушност најавија дека ќе изградат град на Марс.

 

За да ја исполнат својата цел, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактоум, потпретседател на Емиратите и владетел на Дубаи, го лансираше научниот проект „Град на Марс“. Тој ги откри плановите за изградба на град кој ќе го симулира животот на Марс, со големина од 176 000 километри квадратни. Се очекува да чини околу 136 милиони долари.

 

Градот ќе биде опремен со целосни лабаратории за храна и вода, музеј во кој ќе бидат истакнати најголемите човекови достигнувања во вселената и 3д испечатени ѕидови користејќи песок од пустината во Емирати. Проектот звучи целосно футуристички и ќе биде најголемата симулација на вселенски град некогаш изградена.

 

„Обединетите Арапски Емирати се трудат да воспостават меѓународни обиди за развој на нови технологии од кои бенефит ќе има целиот човечки род и со тоа ќе се постават темелите за подобра иднина за генерациите што следат“, истакна шеикот Мохамед.

 

Градот ќе биде изграден од неколку умешно конструирани сфери, во кој тим на одбрани учесници ќе живеат во истите услови кои ги нуди Црвената планета во текот на една година. Се очекува искуството кое што ќе се собере од овој проект да биде основа за наредни проекти кои ќе вклучуваат населување на планети кои не поддржуват живот во својата средина. Дел од експериментите ќе бидат и на полето за достигнување на технологии што ќе овозможат иновација на само-издржливи извори на енергија, вода и храна.

 

„Овој нов проект е уште еден чекор во водечките напори на Емиратите да придонесат за глобалната наука, да бидат пример и мотивација и за другите да учествуваат и придонесуваат за човековите напори да се освои вселената“, изјави шеикот Мохамед.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи