Повторно одложено судењето за „Шамари во Центар“

Facebook
Twitter
Email
Print

Поради немање на услови, односно отсуство на еден од обвинетите, денешното судење за „шамари во Центар“ е одложено. Поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побара на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.

 

Претходното рочиште беше одложено бидејќи како што рече судијката Татјана Михајлова предметот е во Апелацискиот суд, откако СЈО поднесе жалба на казните од по 2 илјади евра за обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи за непочитување на судот и судијката. Предметот сепак завршил и во Врховниот суд. Апелација го препратиле таму поради судир на надлежности за тоа кој треба да одлучи по жалбите на специјалните обвинителки, Кривичниот или Апелацискиот суд.

 

Случајот се води против поранешниот премиер Никола Груевски, кој според снимките кои што се користат како докази нарачува шлаканици за градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

 

Освен Никола Груевски, на обвинителна клупа седнаа и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Обвинетите повеќе не ги брани адвокатот Никола Додевски, бидејќи тој е сведок во случајот на СЈО, „Талир“ за перење пари и нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи