Почна судењето на Талески за „Транспортер“

Facebook
Twitter
Email
Print

Владимир Талески денеска треба да седне на обвинителната клупа како првоосомничен за случајот „Транспортер“ на СЈО кој се однесува за злоупотреби со ученичкиот превоз.

 

Битолскиот градоначалник заедно со уште 22 лица се обвинети за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, кој се проценува на околу 360.000 евра. Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании се обвинети дека организирале превоз за учениците во општината.

 

Кога СЈО го отвори случајот и побара мерки на претпазливост, градоначалникот доби куќен притвор, кој еднаш беше продолжен. Помалку од три месеци важеше мерката, бидејќи откако одбраната се жалеше притворот беше укинат.

 

Минатиот месец Битолското обвинителство отвори нов случај „Транспортер 2“, каде Талески повторно се сомничи за злоупотреба на службената положба и грабеж на општинската каса, со незаконски тендери за превоз на ученици во учебната 2013 – 2014 и 2015- 2016 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи