Седница на Апелација за „бомбите“ како доказ во „Тендери“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Апелација на денешната јавна седница расправа дали бомбите може да се користат како доказ во предметот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Вчера седницата се одложи поради службени обврски на претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Ивановска-Шопова.

 

Канческа – Милевска е обвинета во случајот „Тендери“ за злоупотреба на постапка за тендери за изградба на Музејот на ВМРО од проектот „Скопје 2014“. Таа денес не се појави во судот.
Четворицата адвокати во нејзино име бараат „бомбите“ во случајот со изградбата на Музејот на ВМРО да не важат како докази.

Оваа  седница е по жалба на Специјалното обвинителство (СЈО), откако во септември судијата Ивица Стефановски од Кривичниот сусд, одлучи да ги отфрли прислушуваните разговори на поранешната министерка.

 

Обвинителството го претставуваат специјалните обвинители Стевчо Донев и Љубомир Лапе.

 

Стефчо Донев на денешната јавна седница во Апелациониот суд за жалбата на обвинителството по отфрлањето на „бомбите“ како доказ од кривичниот суд, рече дека це-дето со 5 „бомби“, кои кривичниот суд ги отфрли, се незаконски создадени, но дека СЈО ги добило т.е. прибавило законски. Четири разговори се снимени во 2011, а еден во 2013 година.

 

На крајот на септември кривичниот совет, кој го оценува обвинителниот акт, чиј претседател е судијата Ивица Стефановски, го прифати предлогот на адвокатите на Елизабета Канческа-Милевска, „бомбите“ што не беа јавно објавени да не бидат доказ во постапката.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи