Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, е уапсен утрово.
Според неофицијалните првични информации тој е уапсен за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште. Митревски се очекува да биде однесен во една од полициските станици, во Кисела Вода или Гази Баба.
Освен Митревски, како што се дознава уапсени биле уште неколку лица.
Митровски беше градоначалник на општина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година.