„Бомбите“ може да бидат доказ во случајот „Тендери“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори во случајот “Тендери” каде обвинета  е екс-министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска ќе може да се користат како докази во судница.

 

Како што потврдуваат од Апелација ваквата одлука е донесена врз основа и на претходните две одлуки со кои Апелациониот суд одлучи дека „бомбите“ можат да будат доказ во предметите „Шамари во Центар“ и „Триста“.

 

Одлуката на Апелацискиот суд следува откако вчера на јавна седница обвинителите на СЈО и адвокатите на Канческа- Милевска ги соочија аргуметите „за“ и „против“ употребата на прослушуваните разговори како доказ во кривичнивата постапка за случајот „Тендери“.

 

Претходно, Кривичниот суд го прифати барањето на адвокатите на Канческа-Милевска и ги издвои „бомбите“ од доказниот материјал за предметот, по што СЈО поднесе жалба на решението до Апелацискиот суд.

 

Апелациските судии утре ќе одлучуваат дали прислушуваните разговори во “Топлик” и “ТНТ” може да бидат дел од доказниот материјал.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи