Општина Прилеп : Општинската администрација ги демантира обвинувањата за противзаконско работење на градоначалникот и новата локална власт

По вчерашните недолични критики од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, мотивирани од приземни популистички цели, а упатени на адреса на градоначалникот Илија Јованоски и новата локална власт,општинската администрација поточно правниот сектор на Општина Прилеп, излезе со стручен став, кој што го упатува до јавноста, до граѓаните на Прилеп. Вака денеска преку соопштение реагираа од Општина Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост. 

 

„Градоначалникот на Општина Прилеп и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, согласно со Законот за локална самоуправа, Статут, Деловник за работа на Советот и Одлуката за востановување на општински награди и признанија, спроведе постапка за доставување предлози за доделување на награди и признанија „3-ти Ноември“.

 

Врз основа на  член 6 став 2 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија бр.08-1281/5 од 03.10.2017 година, предлозите за доделување на награди и признанија можат да се поднесуваат во текот на целата календарска година, па во интерес на граѓаните новоформираната Комисија веднаш по формирањето одржа седница на која со мнозинство гласови одлучи да го продолжи рокот за доставување на апликации заклучно до денеска (02.11.2017 година) до 11 часот.

 

Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека денеска се одржа седница на која членовите на Комисијата ги отворија и доставените предлози од двата рока и донесоа одлука за тоа, кои се годинешните добитници на оваа престижна награда.

 

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на добитниците на свечена седница закажана за  утре (03.11.2017 година) во собраниската сала во новата општинска зграда“, стои во стручниот став на правниот сектор на Општина Прилеп.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи