Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, на денешната седница донесе одлука за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Наградата за животно дело – Златна плакета, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на :
- Душко Најдоски дипл. инж.арх. – за достигнувања во областа на архитектурата;
Наградите – плакети по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
– КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) од Прилеп, за меѓународна промоција на културните вредности на Општина Прилеп;
– Мото клуб ’’Синови на громот МС’’-за промовирање на мото-културата и органирање на многубројни хуманитарни активности;
– Детска амбасада за сите деца во светот- за дваесет годишна активност во областа на заштитата на правата на децата;
–
Здружение РОМА С.О.С– за едукација на ромското население;
Наградите – дипломи по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
– Василе Димески– за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година;
– Александар Стојкоски– за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп;
– Миле Спирковски– за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески;
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Прилеп“.