ВИДЕО : Доделени наградите „3-ти Ноември“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, вечерва, беа доделени третоноемвриските награди. Наградите се доделуваат секоја година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, а годинава се навршуваат 73 години од конечното ослободување на нашиот град од фашистичкиот окупатор.

 

Седницата ја отвори претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, а претседателот на комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија ги соопшти наградените.

 

 

Годинава Комисијата одлучи наградата за животно дело да му биде доделена на доаенот и основоположникот на архитектонската дејност во Прилеп, дипломираниот инжинер архитект Душко Најдоски.

 

Објектот на „Комерцијална банка“, „Стоковната куќа“, „Деветтокатницата“, Основниот суд, СВР Прилеп, најголемиот дел од населбата „Точила“, стамбените комплекси на „Димо Наредникот“, голем број основни училишта во Прилеп, најголемиот дел од објектите на Тутунскиот комбинат, Сладарата, фабриката за цигари, ова се само мал дел од објектите чиј креатор е Најдоски. Тој исто така е и најзаслужен за изградбата на регионалниот водовод „Студенчица“.

 

„Ова за мене е посебно големо признавање и го добивам во најдобро време кога мојата проектантска дејност е завршена. За мене претставува награда за целокупното мое работење и затоа мене ми е особена драга и не само за мене туку тоа е и сатисфакција и за членовите на моето семејство кои на еден начин беа позапоставени бидејќи јас бев премногу вклучен во изработка на проекти, не само во Македонија туку и на просторот на цела Југославија, а роботев и во Турција. Така што можам да се пофалам дека низ сите републики во Црна Гора, во Далмација, Себија, БиХ, има мои дела. И инвеститорите, од оние кои се живи, сеуште ми се јавуваат и сеуште изразуваат задоволство од оние објекти кои се градени по мој проект“, изјави Душко Најдоски, добитник на наградата за животно дело“.

 

На седницата присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, советниците, поранешните градоначалници на Прилеп, пратеници од собранието на Р. Македонија и голем број на граѓани.

 

Свечената седница на Советот на Општина Прилеп ја отвори претседателот на Советот, Миле Талевски.

 

„Сакам во мое име и име на Советот на Општина Прилеп да го честитам доделувањето на најпрестижната награда на град Прилеп, наградата „3-ти Ноември“. Оваа година наградата за животно дело ја добива г-динот Душко Најдоски, истакнат архитект, кој цел свој живот го поминал во градење и проектирање на објекти кои се од исклучително значење за Прилеп. Со неговите дела Прилеп добил една презентација во целокупното општествено живеење во Македонија. Тој ја заслужува оваа награда и неговото дело треба да биде мотив за идните генерации и тие продолжат со афирмација на Прилеп на едно највисоко ниво. Им честитам наградите и на сите други добитници“, истакна Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

Градоначалникот Јованоски истакна дека Прилеп со гордост го чествува овој историски датум и со посебен пиетет се сеќава на херојското дело на борците кои што на овој ден воделе крвави битки на сите страни од градот.

 

Најжестоката битка се одвивала кај месноста „Песјобрдце“, во која загинале 237 храбри борци, вградувајќи ги своите животи во денешната слобода.

 

Следниот ден, по победата над фашизмот во нашиот херојски Прилеп се стационирало целото воено и политичко раководство на новосоздадената македонска  држава, на заседанието на АСНОМ на 2 август 1944 година.

 

„Идеалите на хероите се и наши идеали во ова современо доба. Битката продолжува: за економски развој, за нови работи места, за стопирање на иселувањето на младите, за модернизација и урбанизација на секој дел од градот, за сестран инфраструктурен, образовен, културен и спортски развој на Прилеп. Мојата и заложбата на новата локална власт е со ваша поддршка, со поддршка на сите граѓани да се издигнеме над економското сивило и Прилеп да стане лидер во современото живеење, во примената на европските стандарди. Враќајќи ја слободата во општеството, отворајќи ги повторно вратите на демократијата, ние заедно чекориме во новата сегашност. Го продолжуваме аманетот на хероите, но градиме и сигурна иднина за поколенијата. Делата на годинешните добитници на наградата „3 –ти Ноември“, а особено лауреатот на наградата за животно дело, врвниот архитект Душан Најдоски се потврда дека Прилеп има современи херои, кои водат битки за вистински вредности на сите полиња, од животот“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

Освен наградата за животно дело беа доделени и награди – плакети и награди – дипломи.

 

 

Наградите – плакети по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделија на:

 

КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) од Прилеп, за меѓународна промоција на културните вредности на Општина Прилеп;

 

Мото клуб ’’Синови на громот МС’’-за промовирање на мото-културата и органирање на многубројни хуманитарни активности;

 

              – Детска амбасада за сите деца во светот- за дваесет годишна активност во областа на заштитата на правата на децата;

 

Здружение РОМА С.О.С– за едукација на ромското население;

 

 

Наградите – дипломи по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделија на:

 

Василе Димески– за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година;

 

Александар Стојкоски– за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп;

 

Миле Спирковски– за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески;

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи