Видео – ВМРО-ДПМНЕ: Власта под итно да се откаже од промената на прилепската и македонската историја

„Нека е честит „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп. На овој ден 1944 година градот Херој, градот првоборец, градот кој прв се кренал против бугарскиот фашистички окупатор во Прилеп, е ослободен. Истакна денеска по повод празникот „3-ти Ноември“претседател на О.К. на ВМРO-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Денес кога Прилеп е гордост, кога Прилеп е град на респект, кога Прилеп се градеше и изгради да не дозволиме да биде понижуван, ниту Прилеп ниту прилепчани. Да продолжиме да го градиме да биде поубав, економски попросперитетен и моќен. Затоа на новата власт и порачувам под итно да се откажат од промената на македонската историја, промената на прилепската историја на која ние сме особено горди. На сите добитници на третоноемврисите награди им ја честитам наградата, им посакувам здравје и успех во понатамошната работа“, изјави Петар Ристески, претседател на О.К. на ВМРO-ДПМНЕ Прилеп

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи