Општина Прилеп најостро го осудува вандалскиот чин со кој синоќа непознати сторители го оштетиле споменикот на Александар Македонски, кој е поставен во центарот на градот на плоштадот „Александрија“, кршејќи го неговото копје.
Од локалната самоуправа велат дека случајот ќе биде пријавен во ПС Прилеп и очекуваат надлежните органи во најското време да ги пронајдат сторителите.
Од Општината исто така најавуваат санирање на споменикот во многу краток рок.
Ги повикуваат политичките субјекти да не го злоупотребуваат овој вандализам, извршен од наши несовесни сограѓани, за собирање на ситни дневно-политички поени.