Управен суд ги отфрли тужбите на партиите за вториот круг од локалните избори

Facebook
Twitter
Email
Print

Управниот суд одби 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори што се одржаа на 29 октомври. Од Управниот суд за МИА изјавија дека за 16-та тужба се уште се одлучува.

 

Од нив 11 тужби беа од Алијансата на Албанците, за гласањето во Струга, каде што победи Рамиз Мерко од ДУИ. Четири тужби беа од движењето БЕСА, а една од Народното движење за Македонија.

 

Претходно, ДИК ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи