Се интензивира соработката помеѓу Општина Прилеп и Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска оствари средба со претставници на Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола на која се разговараше студентите од оваа образовна институција во иднина практичната дејност да ја извршуваат во Општина Прилеп.

 

„Имавме средба со претставници на Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола. Од страна на оваа образовна институција беше побарано да се воспостави идна соработка со Општина Прилеп, особено за да можат многубројните студенти од градот, да практицираат во Општина Прилеп и другите институции. Сè што е во интерес на развојот на образовниот процес и надоградувањето на младите луѓе, ние како локална самоуправа ќе го поддржиме“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Од Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола ја истакнаа потребата од воспоставување идна соработка со Општина Прилеп на повеќе полиња.

 

„Целта на оваа средба беше да ја посетиме Општина Прилеп, затоа што најголемиот број од нашите студенти се токму од овој град. И од годинава сакавме да постигнеме договор со градоначалникот и Советот на Општина Прилеп со цел нашите студенти да ја посетуваат овде прагматичната настава. Така што и теоријата и праксата да се спроведуваат взаемно во зградата на локалната самоуправа, каде што ќе може студентите да ги следат седниците на Советот, да ги учат законите, а дополнително да се воспостави и взаемна соработка со Општина Прилеп во однос на едукација на вашиот кадар, доколку му е потребна на нашиот Универзитет“, рече проф. Јагода Митревска, раководител на научниот сектор во Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола.

 

Од Меѓународниот Славјански Универзитет потенцираа дека сакаат во иднина со Општина Прилеп да воспостават соработка и на полето на културата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи