ВИДЕО: Се одржа втората седница на „Граѓанскиот парламент“ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска во Прилеп по втор пат се одржа т.н. „Граѓанскиот парламент“, средба на која градоначалникот Илија Јованоски заедно со граѓаните ги разгледуваат идеите и предлозите за подобрување на квалитетот на животот во сите општествени сфери.

 

 

На денешната средба, во преполната сала на Општина Прилеп, беа присутни голем број на граѓански здруженија кои даваа свои предлози и сугестии од разни области.

 

Градоначалникот Јованоси истакна дека сите идеи ќе бидат прегледани од стручната јавност која што треба да каже кои предлози ќе бидат први реализирани.

 

„Денеска по втор пат се среќаваме со граѓаните во форма на „Граѓанскипарламент“ кој го оформивме веднаш по моето стапување на функцијата градоначалник на Општина Прилеп. Граѓаните ќе можат да ги кажат сите свои заложби, сите свои идеи и проблеми кои мислат дека може да ги реши градоначалникот и Општината. Мислам дека оваа форма на заедничко дружење на градоначалникот со граѓанските здруженија, НВО секторот и граѓаните поединечно, ќе ја продолжиме и понатаму и ќе продолжимеда ги градиме овие односи се со цел да се решаваат проблемите кои ги тиштат граѓаните на Општина Прилеп. Сите тие предлози ќе бидат дадени и после ќе бидат прегледани од стручната јавност каде што ќе бидат одредени приоритетите и тоа кој прв од сите предлози ќе биде реализиран“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

Дел од овие предлози на граѓаните ќе бидат предвидени за реализација во наредниот буџет за следната година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи